Лесно е да мислиме дека знаеме се' што треба да се знае за Зигмунд Фројд. После се', неговото име на некој начин стана придавка - сигурен знак дека нечие наследство се вградило во културната свест.
Но, дали сте знаеле дека германскиот невролог кому му се припишуваат пронаоѓањето на психоанализата, дијагностицирање на хистеријата, толкувањето на соништата и многу други работи, својата кариера ја започнал трпеливо истражувајќи ги јагулите во потрага по нивните тестиси? Можеби сте знаеле. Можеби некаде сте прочитале и сте се посомневале. Исто така Фројд е пионер на рекреативната и медицинска употреба на кокаин. Овој човек бил доста талентирана личност.
За да ги илустрира неговите теории, тој создавал дијаграми и цртежи кои му помагале во основањето на теориите. Неговите цртежи беа претворени во книга во 2006 година „From Neurology to Psychoanalysis: Sigmund Freud’s Neurological Drawings and Diagrams of the Mind“. Во книгата се наоѓа само мал примерок на неговите трудови и неговата медицинска уметност.
Како што кажува самиот наслов на книгата, цртежите буквално илустрирале радикални промени на Фројд од тешката наука на неврологијата до практиката на неговиот сопствен изум. Како што Фројд се фокусирал на повеќе сложени ментални функции како што се нарушување на јазикот и меморијата, тој оставил настрана било кој обид да ги стави во дијаграм основните физиолошки структури, како што се невролошките патишта, и започнал да прави шематски слики на хипотетички психолошки структури односно его, суперего и ид.
Во дијаграмите од 19-от век може да се забележи дека Фројд направил дефинитивен потег од емпириски илустрации на физичките структури - односите помеѓу идеите и концептуалните лица кои немаат материјално постоење во физичкиот свет. 30 години подоцна додека ја проучувал хистеријата, сфатил дека му недостасува „сериозниот“ печат на науката.
Цртежите раскажуваат приказни во три дела, од биологија до психологија. Неколку години подоцна, тој го нацртал дијаграмот подолу со кој ја покажува врската помеѓу различни нормални и патолошки состојби на расположението и сексуалната психологија.