X
 29.01.2015 Живот

Снег над Аушвиц

Пред 70 години, за време на операцијата Висла-Одра, единиците 59 и 60 на армијата на првиот украински фронт, маршалот на Црвената армија Иван Степановиќ и полковникот на 38-та армија на Четвртиот украински фронт, Иван Јефимовиќ Петров го ослободиле Аушвиц.

 

ausvic


Советските војници за време на офанзивата од ден на ден ги губеле пријателите и соборците, и како што велат тие, се навикнале да се среќаваат со смртта. Но, она што го виделе и доживеале на западниот брег на Висла ги шокирало дури и најстарите ветерани.

Аушвиц не бил само еден комплекс со згради. Концентрациониот логор се состоел од пет главни кампови и затвор. Во радиус од 20 до 30 километри се наоѓале уште 18 одделенија на концентрациони логори. Вкупно имало 80 касарни, во кои се наоѓале 200 до 300 луѓе. Според информациите од локалните жители, логорот бил основан во 1940 година. На ова место биле депортирани огромен број на Евреи и припадници на други етнички групи кои „немале среќа“ да се родат како „вистински ариевци“. Тие биле масовно убивани, како животни, додека делови од нивното тело - косата, кожата, забите и слично, биле користени во практични цели.

Со коса биле полнети перниците за морнарите на германските подморници, а од кожа се шиеле ракавици, додека маста од човечкото тело се користела за сапун итн. Сето тоа било употребувано - златните заби им биле вадени, а на луѓето вежбале германските хирурзи и фармацевтите извршувале разни експерименти.

Луѓето во Аушвиц биле депортирани во возови од цела Европа. Пристигнувале под 10 возови дневно, а секој од возовите имал по 40 до 50 вагони. Во секој вагон од 50 до 100 луѓе. првиот ден го преживувале само 10 до 30% од новодојдените луѓе. Германците дури не броеле колку луѓе биле убиени. Рудолф Хес, командантот на Аушвиц од 1940 до 1943 година, за време на судењето во Нирнберг изјавил дека не ги броел убиените. За оние кои веднаш после пристигнувањето во логорот биле испратени во гасните комори немало никаква документација. Според проценките на современите историчари, за време на логорите биле убиени околу 1 милион Евреи, 140 до 150 илјади Полјаци, 100 илјади Руси и 23 илјади Роми.

Пред доаѓањето на единиците на Црвената армија, печките во кои биле палени телата биле уништени, а сите затвореници кои можеле да одат не успеале да побегнат затоа што биле одведени на запад. Советските војници успеале да ослободат само 7.600 луѓе. А за тоа Црвената армија скапо ја платила цената: Првиот украински фронт во текот на борбата изгубил 26 илјад војници, а во борбата за Аушвиц загинале 234 до 350 војници од Црвената армија.

Првото сведоштво за постоење на логорот се наоѓа во извештајот на генералот Гријашев упатен до шефот на политичката управа на Првиот украински фронт, генералот Јашченко од 26 јануари 1945 година: „На станицата Лебионж југозападно од Хжанува откривме одделение на концентрационен логор Аушвиц со преживеани затвореници. Меѓу нив се 30 Евреи, останатите се Унгарци, Французи, Чеси, Полјаци и Руси - сите кои успеале да се скријат во рудникот. Другите затвореници биле убиени од Германците. Еден од преживеаните, Евреинот Левер, ни раскажа дека Лебионж претходно се наоѓал во Аушвиц. Таму се наоѓале од 25 до 30 илјади Евреи од многу земји низ Европа. Тие во Аушвиц биле постојано депортирани во период од четири години. Сите оние кои не можеле да работат - жените, старите луѓе, децата и болните - биле одделени од здравите мажи и веднаш убиени. Во текот на последните две години биле убиени и машките затвореници. Затворениците биле доста слабо хранети: еднаш дневно добивале ретка супа и 150-200 грама леб. Од октомври 1944 година, кога Аушвиц бил евакуиран, печките работеле особено интензивно, 24 часа дневно. Во декември 1944 година, Германците ги уништиле“.

Дел од затворениците избегале низ околината, искористувајќи ја гужвата за време на војната. Откако влегле во територијата на концентрациониот логор, советските војници најпрво ставиле кујни за да ги нахранат затворениците.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот