Во 1943 година, Канцеларијата за стратешки услуги (ОSS), претходникот на ЦИА, го ангажирала Хенри Мареј, американски психолог и професор на Универзитетот Харвард да ја проучи личноста на Адолф Хилтер, со цел да го олесни предвидувањето на неговите постапки.
Во извештајот од 229 страни под името „Личноста на Адолф Хитлер“, Мареј го опишува германскиот фирер како параноична личност и пропаст од човек, неспособен за нормални меѓучовечки односи. Токму поради лошото детство
Детството и потребата за доминација
Во детството, Хитлер се чувствувал инфериорен, делумно поради неговиот физички изглед, бидејќи бил со ситна градба и делувал слабо и болно. Тој не сакал да оди на училиште, бидејќи му било срам затоа што бил слабо дете.
„Никогаш не работел никаква физичка работа, ниту пак спорт и бил ослободен од воена служба во австриската војска како трајно неспособен“, напишал Мареј.
Поради неговата несигурност, бил опседнат со брутална, физичка силиа, бескрупулозна доминација и воени освојувања.
Дури и кога станувало збор за сексуалноста, тој бил опишан како целосен мазохист, кој ги понижувал и злоставувал партнерките. Хитлер во детството пател од Едипов комплекс (љубов кон мајката и омраза кон таткото), кој го развил откако родителите ги затекнал додека имале секс.
Хилтер чувствувал стравопочит кон неговиот татко, и го доживувал како непријател кој владеел со семејството со тиранинска строгост и неправда. Според извештајот на Мареј, Хитлер му завидувал на машкоста на неговиот татко и мечтаел да го понижи, за да ја врати „изгубената гордост“ на неговата мајка.
Неговите поранешни партнерки изјавиле дека бил неспособен за нормален љубовен и сексуален однос, што според Мареј е причина за неговата пренагласена желба за супериорност. Неспособен да ја демонстрира неговата машкост пред жените, тој чувствувал потреба тоа да го надомести со што искажувал моќ над мажите.