X
 26.03.2015 Технологија

За најпопуларниот курс кој се организира од "Google"

Во 2006 година, инженерот Чејд-Мен Тан од „Гугл“ започнал со работа на програма која би ги тренирала вработените во компанијата да ги живеат подобро животите.


Тој сакал да создаде курс со кој би ги тренирал луѓето да станат посвесни за нивните чувства, посочувствителни кон другите, поспособни за одржување квалитетна врска и способни за придонесување кон мир во светот, или барем мир и хармонија на работното место.

Тан составил тим од неколку советници. Првиот дводневен курс наречен „Пребарување во себеси“ бил одржан во 2007 година. Наскоро тој станал човек одговорен за „просветлување, отворање срца и создавање мир во светот“ во компанијата.


Годинава на тренингот ќе учествуваат приближно 1.500 вработени во „Гугл“. Уште илјадници чекаат за отворени места во иднина. Од 2012 година, курсот е достапен и за организации надвор од „Гугл“. Била отворена невладина организација, а Тан напишал книга со истиот наслов.

Програмата денес се смета за програма за лидери која ја користи емоционалната интелигенција за да создаде одлични лидери со добри вештини.

Каков е резултатот?

Имено, вработените кои биле дел од програмата биле помалку подлежни на стрес и забележиле зголемена продуктивност дури и до шест месеци по учеството во програмата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија