X
 07.02.2019 Технологија

Новиот додаток на „Гугл“ ве предупредува ако лозинката ви е компромитирана

„Гугл“ го објави најновиот додаток за веб-пребарувачот „Хром“, дизајниран за да ви помогне да ги заштитите вашите онлајн-профили од напаѓачи. Иако би требало да биде вграден во вашиот пребарувач, засега постои опција само да се преземе и инсталира.

Секојпат кога ќе се логирате на одредена веб-страница, кога ќе ги внесете вашите податоци, додатокот наречен „Проверка на лозинка“ (Password Checkup) анализира база на податоци од повеќе од 4 милијарди податоци за кои се знае дека биле дел од протекување. Ако пронајде совпаѓање, ќе прикаже предупредување со кое ќе бара веднаш да ги промените вашите податоци.

pass

Гугл“ вели дека додатокот е дизајниран така што никогаш нема да ѝ ги открие вашите податоци на компанијата и ќе спречи злонамерни напаѓачи да ја киднапираат нејзината функционалност за да добијат пристап до вашите информации. Исто така, се обидува да го подобри начинот на кој функционира со текот на времето.

ТУКА можете да го добиете најновиот додаток.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија