Што е она што оваа компанија го бара во своите нови вработени? Одговорот е еднакво енигматичен како и компанијата. Но, секогаш може да се донесат генерални заклучоци врз основа на претходно истражување. Значи, доколку ги имате овие вештини и карактеристики, тимот за човечки ресурси на „Гугл“ веројатно ќе ве земе предвид доколку аплицирате за работа во компанијата.
Го имате тоа во себе
Но, што е „тоа“? Тоа едноставно значи дека размислувате разумно, преземате акција која е потребно и работите добро во тим. Значи, доколку сте некој кој сака да биде шеф или да работи сам, веројатно нема да бидете добар кандидат за „Гугл“.
Размислувате поинаку
Компанијата ги зема предвид вашите оцени и останати резултати, но за нив поважен е начинот на кој размислувате отколку академската изведба. Тоа не значи дека доколку имате лоши оцени имате поголеми шанси за вработување, секако.
Поседувате интелектуална скромност
„Гугл“ не се грижи дали сте дојдени од одличен факултет или некој кој не е признаен. Наместо тоа, компанијата одбегнува да најмува одлични студенти кои секогаш ги обвинуваат останатите за секој свој неуспех. Тие сакаат луѓе кои се паметни, самоуверени и подготвени да признаат дека згрешиле.
Лесно учите, дури и доколку немате диплома
Значаен дел од вработените во компанијата немаат факултетска диплома. Според нив, не може да се суди на потенцијален вработен само според едно парче хартија, без разлика колку импресивно изгледа. Дипломата е доказ за вашата работа и интелигенција, но повторно, тоа не е предност кога се работи за оваа компанија.
Упорни сте
Математички гледано, шансите да се вработите во „Гугл“ се многу мали. Од 3 милиони кандидати годишно, компанијата вработува само 7.000. Затоа, важно е да бидете упорни и одредени во своите цели на интервјуто. Доколку се двоумите во себе, „Гугл“ ќе биде сигурен дека вашето место не е кај нив.
Мислите дека го имате она што е потребно за да бидете вработени во „Гугл“?