X
 25.02.2015 Образование

24-ти февруари - Денот кој сите ќе го помниме

24 февруари е денот кој ќе го помниме како оној кога победи јавноста. Денот кога победија студентите и нивните барања беа исполнети после толку битки.


Новиот закон за високо образование ќе се приготвува во следните 30-45 денови од страна на работната група составена од Студентскиот пленум, Професорскиот пленум, Ректоратот на УКИМ, Министерството за образование и наука и Студентскиот парламент.

Истиот состав вчера ја имаше својата втора средба на која беше потврдено исполнувањето на барањата на студентите. Официјално се' уште го чекаме известувањето од страна на Студентскиот пленум, кој во 12 часот треба да одржи прес-конференција на која ќе извести за понатамошното дејствување во врска со автономните зони.

Дотогаш, да се потсетиме на вчерашниот ден низ фотографии.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование