Денес е четврток, 16 март 2017 година, 75-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:39, а ќе зајде во 17:45 часот. Денот ќе трае 12 часа и 06
минути.
Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно и потопло
време. Долж Повардарието од Скопската до Демир Капијската котлина има и
локални врнежи од дожд кои престануваат. Додека пак во делови од
југоисточна и источна Македонија има умерено облачно време со сончеви
периоди.
МАКЕДОНИЈА – Во утрински часови во северните, северозападните и
североисточните предели со услови за слаби врнежи од дожд кои рано
претпладне ќе престанат и ќе преовладува умерено облачно со сончеви
периоди, ветровито и свежо време, додека пак попладне се очекува
намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди а ќе продолжи и да
дува доумерен и засилен северозападен и североисточен ветер. Минималните
температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе
достигнат до 6 односно до 17 степени.
СКОПЈЕ - Во раните утрински часови во Скопје претежно облачно време со
услови за слаби локални врнежи од дожд. Претпладне умерено облачно време
со повремени сончеви периоди, а попладне намалување на облачноста и
претежно сончево време. Утринската температура од 5 степени, додека пак
максималната дневна до 13
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија во петок и сабота ќе биде под влијание на
поле на висок воздушен притисок кој што ќе услови претежно сончево и
надпросечно топло време за овој период. Во петок по студеното утро со
утрински температури од -4 до 5 степени, во текот на денот ќе биде
сончево и топло со максимални температури од 8 до 18 степени. Студено
утро ќе имаме и во сабота кога утринските температури ќе се движат во
интервал од -5 до 4 степени, а во текот на денот сончево и топло со
дневни температури од 11 до 20 степени. Во недела преодна
дестабилизација на времето, умерено облачно со врнежи од дожд и топло со
дневни температури од 12 до 21 степен. Во понеделник претежно сончево со
локална облачност и натпросечно топло со максимални температури од 13 до
22 степени.
Weather4all.com.mk