X
 30.03.2015 Економија

130 евра патарина за секој возач кој поминува низ Германија

Долниот дом на германскиот парламент, Буденстаг, го усвои контроверзниот закон со кој во 2016 година се воведува патарина од 130 евра годишно за возачите кои ги користат автопатите.

 

патарина


Законот е усвоен и покрај фактот што Европската унија се`ште испитува дали ова е дискриминација на возачите од странство.

За законот за воведување на патарина за користење на автопатите гласаа 433 пратеници, 128 беа против и 6 воздржани.

Иако горниот дом на парламентот, Бундесрат, во почетокот на мај го разгледувал предлог законот, тој немал овластување за да го спречи неговото спроведување, што значи дека патарините, кои предизвикуваа жестока дебата во Германија, веројатно ќе бидат воведени наредната година.

Сите возачи кои ќе ги користат автопатите во Германија ќе мораат да платата патарина, како и возачите на мотори од странство, додека на возачите со германски регистарски табличи кои автоматски ќе плаќаат патарина како за автопат така и за главните патишта, индиректно ќе им бидат вратени парите преку плаќање на помал данок за моторни возила.

Политичките противници ја обвинуваат канцеларката Ангела Меркел дека патарината ја вовела исклучиво само за да го задоволи претседателот на баварската влада Хорс Зехофер, кој на конзервативните Баварци им го ветил овој потег како одмазда за австриските и швајцарските патарини.

Министерот за транспорт Александар Добринт, изјави дека патарините ќе донесат 500 милиони евра годишно кои ќе бидат инвестирани за подобрување на германските патишта.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија