X
 22.04.2015 Живот

Начини кои ќе ви помогнат полесно да најдете работа

На кој начин можете најлесно да дојдете до работа? Сите знаеме дека во нашата земја владее голема невработеност, меѓутоа сепак постојат начини за да си го олесните барањето на работа.

 

работа


1. Квалитет наместо квантитет

Сте испратиле многу CV-а и за секое работно место за кое сте аплицирале сте помислиле дека тоа е можност за нова работа. Но, можеби е време да ја промените тактиката па наместо квантитет да започнете да нудите квалитет. Намалете го изборот и сконцентрирајте се на мал број на компании на кои ќе им испратите квалитетно CV.

2. Јавете им се на поранешните колеги

Секој од нас има поранешни колеги со кои сигурно одлично соработувал, па не е лошо да им се јавите - доколку не можат да ви помогнат, сигурно ќе знаат добри контакти кои можеби ќе ви отворат можност за нова работа.

3. Напишете добро мотивационо писмо

Заедно со доброто CV важно е да напишете добро мотивационо писмо. Избегнувајте да се повторувате и не го пишувајте она што веќе сте го напишале во CV-то.

4. Учете од грешките

Погледнете наназад и утврдете ги грешките како оние кога сте работеле на работно место на кое не сте биле задоволни.

5. Помогнете им на другите

Сигурно имате пријатели кои бараат работа. Сте виделе оглас кој е совршен за нив - обавезно кажете им. Можеби тие би биле одлични посредници за вашата идна работа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот