Мобилните уреди се алатки за учење кои се` повеќе и повеќе се присутни во образованието и училиштата.
Дали мобилната технологија и гаџетите навистина го подобруваат образованието и наставата во училницата, или пак сето ова е блескав начин да се постигнат истите работи како аналогните инструкции?
Истражувањата покажуваат придобивки од мобилната технологија
Извештаите од 2010 година покажуваат дека мобилните апликации знаат да бидат едукативни, за деца на предшколска возраст. Вокабуларот на децата на возраст од 3 до 7 години се подобрува за 31% доколку се користи соодветна апликација. Исто така, две истражувања кои ги следеа учениците од петто и учениците од осмо одделение кои користеле таблети покажуваат дека учењето е подобро и кај двете одделенија.
35% од осмо одделение велат дека се повеќе заинтересирани за лекции и активностите кога користат таблети, додека 54% велат дека се повеќе вклучени во наставата кога користат технологија. 55% велат дека сакаат инструкциите да користат повеќе едукативни игри и преку симулации тие да ги учат лекциите.
Покрај придобивките, овие уреди доаѓаат и со компликации. Така на пример, авторитетот на наставникот е една област која лесно може да биде нарушена кога се дозволува мобилната технологија во училницата. Една од најчесто наведените придобивки за мобилните уреди во училниците е тоа што таблетите овозможуваат истовремена работа, но тука се поставува прашањето дали тие го намалуваат планот на лекцијата?
Исто така, постојат одредени проблеми со цената. Секако, во ред е доколку училиштето го купува таблетот. Но што ако треба родителите да донесат таблети - тука веднаш ќе се јави проблем и секако постои можност за кражба.
Друг проблем е приватноста, особено сега кога колачињата за следење се толку распространети на личните мобилни уреди. Дали навистина сакате некои луѓе да ги следат вашите ученици и нивниот начин на учење? Дали наставниците треба да имаат пристап до она што учениците го имаат на нивните уреди кога се надвор од училницата?
Едноставно, користењето на мобилната технологија во училницата не е гаранција дека ќе се зголеми разбирањето и вниманието на учениците.
Но, мобилното учење може и да направи и позитивна разлика во тоа како учениците учат. Доколку се користи на правилен начин, мобилната технологија има потенцијал да им помогне на учениците да го разберат повеќе она што го учат.
Во еден идеален свет, секој ученик би имал сопствен мобилен уред во кој се синхронизирани информациите од училиштето и домот; на тој начин овие уреди би останале на задачата, а учениците би ги гледале како значителни придобивки на нивните академски постигнувањата.