Сите сме навикнати на грандиозни приказни за љубовта од филмовите и книгите - трчање низ преполн аеродром, испраќање љубовни писма секој ден 10 години со ред...
Меѓутоа, корејскиот уметник „Puung“ со цел да ја промени сета таа фиктивна замисла за љубовта создава неверојатни илустрации кои ја покажуваат едноставноста на љубовта.
„Љубовта е нешто со кое секој човек може да се поврзи. И љубовта доаѓа на начини на кои лесно можеме да ја потцениме во нашиот секојдневен живот. Се обидувам да го пронајдам значењето на љубовта во нашите секојдневни животи и да ја направам уметничко дело“, вели таа.
Со овие прекрасни илустрации, таа не` потсетува дека кога станува збор за љубовта, важни се малите нешта
- линк до галеријата.