X
 17.01.2015 Култура

Необични поздравувања низ светот

Додека за нас класичното ракување и евентуалното бакнување во образ се`уште е најпримерниот начин на поздравување, некои култури негуваат сосема различни обичаи.

1. Нов Зеланд


Во Нов Зеланд, жителите имаат традиционален Маори поздрав наречен „хонги“ кој вклучува триење или допирање на носевите кога се среќаваат двајца луѓе. Овој гест е уште наречен и „ха“ или „здивот на животот“ кој се смета дека доаѓа од боговите.

2. Тибет


Тибетанците велат добредојде со исползување на јазикот. Оваа традиција се практикува уште од 9-от век за време на владеењето на Ланг Дарма, тибетански крал познат по неговиот црн јазик. Луѓето биле исплашени дека тој ќе се реинкарнира, па затоа започнале да го исползуваат јазикот кога се среќавале со нови луѓе за да докажат дека не се злобни.

3. Тувалу


Во Тувалу, нивното традиционално добредојде вклучува притискање на образ со образ и земање на длабок здив.

4. Монголија

Монголите се поздравуваат со „хада“, што е лента на свила или памук, кога познаник или непознат гостин го посетува домот на некое семејство. Гостинот треба да ја фати лентата нежно со двете раце, истовремено поклонувајќи се.


5. Филипини

На Филипините, важно е младите да ги поздрават постарите луѓе со држете на нивната десна рака поклонувајќи се, со рацете на челото велејќи „Ман по“.


6. Гренланд


Традиционалното поздравување на Инуитите или Ескимите во Гренланд се нарекува „куник“, а се прави со притискање на носот и горната уста на туѓа кожа, и нежно вдишување.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура