X
 03.04.2015 Образование

Анкета: Студентски пракси во област на ИТ

Според Законот за високо образование, секој студент е обврзан да посетува практична настава во траење од 30 дена, по завршувањето на секоја студиска година.

 

anketa

 

Ако се земе предвид рекордно високиот процент средношколци кои по завршување на средното образование го продолжуваат своето образование на некој од факултетите во земјава, тогаш, имајќи ја предвид обврската за практична настава дефинирана во законот, се доаѓа до една релативно голема бројка на пракси кои секоја година мора да се реализираат.

 

Според Random House Dictionary зборот “пракса“ е дефиниран како “Секоја официјална или формална програма која на почетниците им обезбедува практично искуство во занимање или професија.”

 

За да се изведе пракса според оваа дефиниција, во организацијата каде што треба да се спроведе практичната настава би требало да постои одговорно лице кое ќе состави програма по која ќе се изведе наставата, ќе определи работни задачи и методологија на оценување а потоа и да определи ментор кој ќе му помага и оценува трудот на студентот. Кога студентот успешно ќе ја заврши предвидената програма, тогаш организацијата му издава потврда за реализирана пракса.

 

На хартија ова убаво звучи, но, дали на овој начин се спроведуваат праксите во Македонија? Со оглед на тоа што можностите за прием на практиканти во приватните фирми во Македонија се релативно мали, нужно се поставуваат повеќе прашања поврзани за реализацијата на праксите. Дали праксите се изведуваат како што би требало или секоја од засегнатите страни, студентите и фирмите, наоѓаат начин да го заобиколат законот обезбедувајќи ја потврдата пропишана со законот?

 

Со цел да дојде до вистинската слика за тоа како всушност се реализираат студентските пракси во областа на информациските технологии, БЕСТ, Бордот на Европски Студенти по Технологија во соработка со Марјановиќ Едукација и интернет порталот Fakulteti.mk започнуваат истражување кое ќе биде спроведено со анкетирање студенти.

 

Во продолжение следи анкетниот прашалник а поканети за негово пополнување се сите студенти кои студираат информатика, независно од тоа дали веќе биле на пракса или не.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование