Информатичката технологија е една од најплатените денес со причина. Индустријата е во пораст и веројатно ќе продолжи да се развива и во иднина. Затоа, потребни се и ќе бидат барани професионалците од ИТ-индустријата. Доколку сакате да имате кариера во оваа област има повеќе сертификати кои може да ги добиете, а ќе ви донесат голема заработувачка.
Certification in the Governance of Enterprise IT (CGEIT)
Ова е една од најплатените опции за професионалците во ИТ-индустријата. Овој сертификат покрива повеќе одговорности, меѓу кои и менаџмент, водење, бизнис, оптимизација на ризик итн. Тестот се состои од 150 прашања кои мора да се одговорат за помалку од четири часа.
Amazon Web Services (AWS) Certified Solutions Architect – Associate
Како што открива името, тестот го организира „Amazon“ и е наменет за луѓе кои дизајнираат и прават апликации на платформата на „Amazon“. Доколку сакате да го добиете сертификатот потребно ви е искуство и професионално знаење од барем еден програмски јазик. Тестот чини околу 150 долари и вклучува 60 прашања кои треба да ги завршите за 80 минути.
Certified in Risk and Information Systems Control (CRISC)
Ова е тест наменет за менаџмент на ризик и професионалците кои работат со C-Suite. Тестот чини околу 420 долари и се состои од 150 прашања.
Certified Information Systems Security Professional (CISSP)
Ова е најпопуларен сертификат за етичките хакери. Доколку сте консултант за безбедност, менаџер, аналитичар или системски инженер, ова е вистинскиот сертификат за вас. Тестот чини околу 599 долари и се состои од 250 прашања.
Certified Information Security Manager (CISM)
Овој курс е уште еден популарен избор за програмерите во областа на безбедноста. Но, овој тест се фокусира најмногу на менаџментот на информациите за безбедност. Тестот чини околу 415 долари и се состои од 200 прашања, но потребно е 5-годишно искуство во поврзана област за да се полага.
Certified Information Systems Auditor (CISA)
Овој сертификат е наменет за оние кои сакаат кариера во ИТ-безбедност, менаџмент на ризик и водење. За да се полага тестот е потребно 5-годишно искуство и 20-часовен тренинг, а тој чини 500 долари.
Project Management Professional (PMP)
Доколку
менаџирањето на проекти е ваша добра страна, треба да го земете овој сертификат. Сериозното и напредно ниво на сертификатот бара знаење од информатичката технологија. Тестот чини околу 405 долари и е задолжителен доколку барате работа во компании како „Facebook“, „Google“ итн.