X
 01.03.2017 Образование

Учењето филозофија има позитивно влијание врз образованието и вештините на децата

Ако се постави прашање дали децата треба да учат филозофија, многумина тешко би дале потврден одговор затоа што не наоѓаат практична примена во секојдневниот живот. Но, ако се постави прашањето малку поинаку: дали треба децата да се учат да мислат филозофски, можеби многумина ќе ги сменат ставовите.

Англиските наставници и претприемачи Ема и Петар Ворли одговориле позитивно на ова прашање, кои преку нивното Филозофско здружение ги тренираат децата да знаат методи на аргументирање, решавање на проблем и генерално „добро да размислуваат“. Тие тврдат дека практицирањето на филозофска настава има влијание на афективните и когнитивните вештини.

Петар Ворли вели дека ги прави децата помалку склони кон пропаганда и сеење на страв од страна на тоталитаризмот. Дури и најанти-демократските филозофи, на пример Сократ, користеле филозофски методи да имаат моќ за да ја задржат власта на одговорност за социјална контрола.

Идејата за развивање на филозофското мислење кај децата не е нова во Велика Британија и САД, туку е актуелна со децении како дел од движењето наречено „Филозофија за деца“ кое започнува со работата на професорот Метју Липмен, основач на Институтот за напредок на филозофијата за деца во САД во 1974 година. Липмен и ко-авторите ја пишуваат „Филозофија во училницата“ (en. Philosophy in the Classroom) со акцент на тоа дека „она што се учи на училиште не е предмет, туку начин на размислување.“ Липмен и авторите имале значително влијание врз едукаторите во Велика Британија и направиле голема студија која следела 9- и 10-годишни ученици во Англлија од Јануари до Декември 2013 година.

Повеќе од 3000 деца во 48 училишта низ Англија учествувале во неделните дискусии за концептите како вистина, правда, пријателство и знаење, со време за размислување, поставување прашања, давање идеи и градење мисли.“

Резултатот бил одличен: децата со полоша позадина направиле поголем скок во перформансите: вештините за читање се подобриле за 4 месеци, математичките за 3, а вештините за читање за 2 месеца. Наставниците исто така забележале влијание на самодовербата кај учениците и способност да ги слушаат другите.

Со оваа студија не само што се пронашле моментални подобрувања туку и долгорочно го следела развојот на учениците за две дополнителни години и се дошло до заклучок дека бенефитот продолжува да постои и понатаму.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование