X
 06.04.2015 Живот

Зошто оваа загатка е едноставна за децата, а тешка за возрасните?

Низ социјалните мрежи се рашири загатка која е дел од тестирањето во прво одделение во Хонг Конг.

 

деца


Се` што треба да направите е да откриете кој број се наоѓа под паркираниот автомобил.

Загатката која поголемиот дел од децата ја решаваат за помалку од 20 секунди при запишувањето во прво одделение, на возрасните им е доста тешка. Зошто?

Д-р Дејвид Вајтбред, професор на Одделот за психологија на Универзитетот Кембриџ, открива зошто за децата оваа загатка е многу полесна отколку за возрасните. Објаснувањето е едноставно: младите луѓе полесно решаваат загатки бидејќи имаат покреативни размислувања.

„Ова е одличен пример за тоа дека децата се доста пофлексибилни во размислувањето од нивните родители. За жал, оваа карактеристика полека исчезнува на училиште, бидејќи таму учениците учат напамет, а нема ни приближно доволно простор за креативно размислување“, вели Д-р Вајтбред.

Доколку се`уште не го знаете одговорот, свртете ја сликата.

 

деца

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот