Секојдневно трошиме многу време типкајќи. Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс го забележале ова и го користат за друга цел. Тие создале програм кој ја користи брзината на типкање на тастатурата за дијагноза на паркинсонова болест.
За да типкате зборови вашиот мозок испраќа сигнали до нервите одговорни за вашите прсти. Доколку вашиот централен нервен систем функционира совршено би требало да може да типкате со константна брзина. Но, многу здравствени состојби го успоруваат сигналот од мозокот до прстите, како и некои болести кои го напаѓаат централниот нервен систем, како што е пракинсоновата болест.
Засега, алгоритмот кој бил развиен не е доволно напреден за да ги разликува пациентите со паркинсонова болест од луѓето кои се хронично неспиени, на пример. Во план се истражувања на многу луѓе.
Истражувачите се надеваат дека овој тест ќе помогне во раното откривање на болеста со оглед на тоа што повеќето луѓе кои ја имаат дијагнозата дознале за болеста 5-10 години откако ги добиле првите симптоми.
Се работи и на мобилна апликација за тестирање.