X
 25.04.2022 Здравје

Главоболката почесто ги погодува жените отколку мажите

Истражувачите откриле дека 6 отсто од жените имаат главоболка барем половина ден во месецот. За споредба, тоа им се случува на 2,9 отсто од мажите.

Според податоците, 17 отсто од жените имаат мигрени кои може да траат и до три дена и да предизвикаат повраќање и чувствителност на светлина и врева. Кај мажите, 8,6 отсто имаат мигрени.

Промените во хормоните би можеле да бидат една причина зошто жените почесто страдаат од главоболки бидејќи секоја промена во естрогенот може да предизвика болка во главата.


Фото: Pixabay

Анализата била направена од Норвешкиот универзитет за наука и технологија, а во нејзини рамки биле разгледани 357 истражувања за главоболки спроведени од 60-тите години до денес.

Според заклучоците, секоја шеста личност на светот има главоболка секој ден. Се дознава и дека жителите на земјите со високи примања почесто имаат главоболки, иако причината за тоа можеби е тоа што има повеќе истражувања од богати земји.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје