Можеби наскоро би можеле да се возите со воз од Париз до Лос Анџелес или Њујорк.
Во еден нов текст од „Siberian times“ се пишува за новиот план на Владамир Јакунин, претседателот на Руската железница.
Имено, тој сака да
изгради огромни автопат и железничка пруга која ќе минува низ Русија, а потоа ќе ја спојува зејата со Алјаска. На источната страна, патот ќе се поврзува со железниците во Европа.
Ова не е ниту првпат да се роди ваква идеја. За оваа можност се говорело и во 1800-те години. Поскоро, во 2007 година, владата на Русија одобри предлог за изградба на тунел до Алјаска. Меѓутоа, досега ништо не било изградено.
Изминатата година, кинеската влада изјави дека е заинтересирана за поврзување со Алјаска со подводен тунел.
Предизвиците кои ги спречиле претходните обиди се присутни и денес. Најголем проблем се студеното време и мразот. Меѓутоа, денес тоа може да биде полесно надминато со оглед на големиот напредок на технологијата. Освен тоа, климатските промени го прават тој регион потопол, што би ја олеснило работата.
Но, дали поврзувањето на единствените големи природни региони е добра идеја? Помислете на новите населени места кои би се појавила тука.