Новите податоци од седум земји во Европа, заедно со Америка ја откриваат важноста на различните култури и различните права во светот.
Си идентификување на 30
права кои се појавуваат во декларациите на Европскиот совет и Обединетите Нации, истражувањето ги запраша луѓето да погледнат на секое право на листата, и да избере пет од 15 права од секоја листа за која мислат дека е најважна.
Она што истражувањето открива е дека правото за глас се наоѓа на врвот на пет земји од вкупно осум (Британија, Франција, Шведска, Финска и Норвешка), а второ место се Данска и Америка. Само Германија се наоѓа на пониско место,
Во осумте држави повеќе од 50% го избраа слободата на говорот како едно од најважните права. Ова е единственото право кое добива вакви резултати. Гласовите варираат кога станува збор за важноста на правото да остане човек слободен се` додека не е обвинет за криминал и одведен на курс. Најмногу се цени во Данска, 49% и Америка 40%. Во Британија бројката е 27%.
Право за бесплатно образование и ниски здравствени трошоци се избрани од повеќето од земјите. Исклучоците се Франција и Америка. Во Америка, ова одразува различна историја и култура за јавниот сервис. Во Франција, за разлика од другите шест европски земји, финансиското право (на минимална плата и основна пензија) доаѓа повисоко од правото за здравство и образование.
Нема да се изненадите кога ќе дознаете дека Американците повеќе го ценат правото да поседуваат пиштол (46%), од Европејците (6%), како и правото на нероденото дете за живот (30% во споредба со Германија со 13% и не повеќе од 8% во другите земји.
Многу пониска бројка во однос на правото на хомосексуален брак има во Европа, поточно Финска (10%) отколку Америка (19%).
Во шест од осум земји, повеќе луѓе го ценат правото на жената да има абортус отколку правото на неродено дете за живот како клучно човечко право. Исклучок е Франција со 13% и Америка со 30% - тие го избираат правото на нероденото дете за живот отколку правото на жената за абортус. Земјите со најсилна поддршка за право на абортус е Данска и Шведска.