Замислете голема нуклеарна електрана. Сега замислете таа електрана да плови по море. Тогаш ја имате „Академик Ломоносов“.
„Академик Ломоносов“ е токму тоа, пловечка електрана раководена од страна на руската државна корпорација за нуклеарна енергија, односно Росатом.
„Академик Ломоносов“ е прва електрана од ваков вид која ќе почне да работи некаде во светот и зад неа има прилично голема енергија. Таа е опремена со два KLT-40S реактори, а секој од нив може да генерира 35 мегавати енергија. Со оваа ватажа, електраната би можела да овозможи доволно електрична енергија за да напојува град со 100.000 жители.
Ова е особено корисно за големи земји како Русија, со некои екстремно зафрлени градови на северот и далечниот исток, како и за платформите за нафта и гас.
Со оваа нуклеарна електрана овие далечни точки би можеле конечно да добијат електрична енергија.
Наводно, животниот век на пловечката
електрана е до 40 години, што би можело да се пролонгира и до 50.