X
 09.04.2015 Култура

Kоја е најевтината дестинација за патување во Европа за 2015 година?

Истражувањето направено од познатата туристичка страна „TripAdvisor“ покажува дека 2015 година е одлична за одмор низ Европа.

 

град


Просечната цена за едно-неделно патување во Европа ова лето е намалена за 11%, за разлика од минатата година. Во зависност од тоа каде планирате да одите, цената би била за околу 25% поевтина.

Најприфатлива дестинација според „TripAdvisor“ е Истанбул; веб страната проценува дека едно-неделен престој во овој град е околу 1.000 евра, додека најскапата дестинација е Цирих со околу 3.000 евра неделно.

Од 25-те анализирани европски дестинации, најевтини за летање ова лето се Рејкјавик - 1.000 евра, а најскап е летот до Лондон - 1.700 евра.

 

град


Подолу ви ги нудиме сите дестинации.

1. Истанбул - 1.000 евра
2. Букурешт - 1.700 евра
3. Краков - 1.800 евра
4. Будимпешта - 1.880 евра
5. Прага - 1.920 евра
6. Атина - 1.935 евра
7. Брисел - 1.957 евра
8. Берлин - 1.993 евра
9. Лисабон - 2.013 евра
10. Стокхолм - 2.025 евра
11. Осло - 2.043 евра
12. Даблин - 2.067 евра
13. Москва - 2.109 евра
14. Хелсинки - 2.136 евра
15. Копенхаген - 2.176 евра
16. Виена - 2.211 евра
17. Барселона - 2.219 евра
18. Рим - 2.338 евра
19. Амстердам - 2.497 евра
20. Париз - 2.530 евра
21. Дубровник - 2.565 евра
22. Единбург - 2.602 евра
23. Рејкјавик  - 2.680 евра
24. Лондон - 2.952 евра
25. Цирих - 3.000 евра
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура