Жителите на Цирих во Швајцарија имаат најдобар квалитет на животот во светот, покажува истражувањето на Дојче банк наречено „Мапирање на цените во светот 2019“.
Истражувањето ги опфатило трошоците и животниот стандард и го споредило квалитетот на животот во 56 светски градови врз основа на различни фактори, како што се куповна моќ, безбедност, здравствена заштита, трошоци за живот, пристапност за живеење, превоз до работа и загадување.
И додека американските и австралиските градови нудат висок квалитет на живот, некои главни градови во Европа не поминаа многу добро. Франкфурт, кој се најде меѓу првите пет пред пет години, падна на 13. место оваа година, додека Париз се најде на 36. место, а Лондон на 41. место.
Фото: Reuters/Arnd Wiegmann
Кога станува збор за животниот стандард, се чини дека помалите градови имаат предност. Така, Њујорк според квалитетот на живот се најде на 31. место.
Сè на сè, мегаградовите, со исклучок на Токио, се наоѓаат на втората половина од листата. Најголемиот град на Нигерија, Лагос, се најде сосема на дното, а по него следуваат Пекинг и Манила.
Ова е листата со топ-10 града со најдобар квалитет на
живот:
1. Цирих, Швајцарија
2. Велингтон, Нов Зеланд
3. Копенхаген, Данска
4. Единбург, Велика Британија
5. Виена, Австрија
6. Хелсинки, Финска
7. Мелбурн, Австралија
8. Бостон, САД
9. Сан Франциско, САД
10. Сиднеј, Австралија
Тука можете да го погледнете целиот извештај.