Сеизмолозите уште од одамна знаат дека Земјата може да осцилира како ѕвонче со големина на планета после шокот од земјотресот. Меѓутоа, почудна и помистериозна е причината зошто нашата планета постојано осцилира при ниски фреквенции едвај забележливи од струментите.
Едно ново истражување даде изненаувачки одговор: поради брановите на дното на океанот.
Долгите бранови на океаните можат да патуваат илјадници километри од еден до друг брег, опфаќајќи го само дното. Според компјутерските модели, огромниот притисок кој овие бранови го предизвикуваат кај дното на океанот генерираат осцилациски бранови кои предизвикуваат целата Земја да одекнува.
Вториот и подобро познат механизам ги објаснува побрзите осцилации. Тие се резултат на удирањето на брановите во океаните, генерирајќи сеизмички бранови со периоди оддалечени помалку од 13 секунди.
Авторите велат дека двата механизми заедно во континуитет ја потресуваат нашата планета. Разбирањето на овие мали осцилации може да им помогне на сеизмолозите да прават разлика меѓу сигнал и бучава, одбирајќи ги послабите сеизмички звуци од земјотреси или нуклеарени експлозии оддалечени со километри.