Постои само еден Фјодор Достоевски. Рускиoт писател и новинар чијашто психолошка пенетрација во човековата душа имала големо влијание врз романите во 20-от век. Неговите најпознати дела се „Злосторство и казна“ (1866), „Идиот“ (1869) и „Браќата Карамазови“ (1880).
Достоевски бил инспирација за голем број писатели и филозофи од Антон Чехов, Ернест Хемингвеј па се` до Ниче.
Ви ги нудиме неговите најголеми мисли, затоа што преку нив тој кажува се на свој уникатен начин.
„Но како можеш да живееш, а да нема приказна за раскажување?“
„Не постои толку стара тема, што за неа не може да се каже ништо ново“.
„Уништи ги моите желби, искорени ги моите идеали, покажи ми нешто подобро и ќе започнам да те следам“.
„Нема и не можам да верувам дека злото е нормалната состојба на човештвото“.
„Душата е излечена кога човек е со деца“.
„Убавината ќе го спаси светот“.
„Доколку не постои Бог, тогаш се` е дозволено“.
„колку е потемна ноќта, толку се посветли ѕвездите; колку е подлабока тагата, толку е поблизу Бог!“
„Будала со срце но без ум е исто толку несреќен колку и будала со ум но без срце“.
„Да сакаш некој значи да го гледаш онака како што Бог го создал“.
„Да се заљубиш не значи да љубиш. Еден човек може да се заљуби и се`уште да мрази“.
„Човекот некогаш е извонредно, страствено заљубен во страдањето“.
„Да се осмелиш е моментално да го изгубиш тлото под нозете. Да не се осмелиш е да се изгубиш себеси“.
„Бог и ѓаволот се борат; бојното поле е срцето на човекот“.
„Можеш да бидеш искрен, и сепак да бидеш глупав“.