Д-р Ејми Меинзер, астроном на НАСА, астероидот 316201 го именува по Малала Јузуфзаи, добитничка на Нобеловата награда за мир.
Д-р Меинзер го откри астероидот во главниот појас меѓу Марс и Јупитер. Астероидот орбитира околу сонцето на секои 5.5 години; подолу на сликата можете да ја видите неговата приближна локација.
„Мал број на астероиди се именувани во чест на придонесите на жените (особено обоените жени)“, пишува Меинзер. „Чест ми е што можев да го крстам астероидот по Малала“.
Малала Јусуфзаи ја доби Нобеловата награда за мир во 2014 година, со што стана најмладата личност (и првата личност од Пакистан) која има добиено ваква награда.
Таа започна да води кампања за да го донесе образованието на девојчињата во Пакистан, уште на 11 годишна возраст. Таа беше застрелана во главата од Талибанците во 2012 година. Нејзината кампања за образование на девојчиња денес се прошири на глобално ниво.