X
 30.09.2018 Наука

Зошто Индонезија се соочува со толку многу земјотреси?

Кога станува збор за Индонезија, прашањето не е дали ќе се случи земјотрес, туку кога.

Југоисточниот азиски архипелаг се опоравува по уште еден силен земјотрес што ја погоди земјата во петокот, проследен со цунами, одземајќи 400 животи, и оставајќи стотици лица повредени. Водата ги зафати градовите, ги однесе зградите и ги расфрла автомобилите како играчки.

Индонезија е подложна на земјотреси бидејќи се наоѓа во „Прстенот на огнот“, лак на вулкани и раседи во басенот на Тихиот Океан. Областа во форма на чевел се протега на 40.000 километри и е место каде се појавуваат поголем дел од земјотресите во светот.

Една од најпознатите сеизмички активни зони на планетата, се протега од Јапонија и Индонезија од едната страна на Пацификот сѐ до Калифорнија и Јужна Америка од другата страна.

земјотрес
Фото: CNN


-Тектонските плочи и „Прстенот на огнот“ се главните причини зошто Индонезија има толку многу земјотреси и вулкански ерупции. Земјата под нив постојано се менува и постојано се движи - вели си-ен-ен метеорологот Алисон Чинчар.

Во последниве неколку месеци, индонезискиот архипелаг беше погоден од земјотреси, смртоносен потсетник за опасната локација на островите.

Жителите сѐ уште се опоравуваа од земјотресот со јачина од 6.4 степени, што го погоди популарниот туристички остров Ломбок во јули, кога во август беше забележан земјотрес со јачина од 6.9 степени.

Во земјотресот во јули загинаа околу 15 лица, а повеќе од 400 луѓе загинаа во пресрет на третиот земјотрес од 5-ти август, велат официјалните лица. Вториот исто така беше почувствуван во соседен Бали, уште едно популарно туристичко место.

Главните земјотреси се проследени со десетици афтершокови што продолжуваат со денови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука