Магнетното поле на Сонцето е невидливо за човековото око. Но, може да го видиме со помош на специјални камери кои ги забележуваат овие бранови.
Белите линии кои ги гледате на фотографијата се линиите на сончевото магнетно поле кои поминуваат низ короната, надворешниот слој гасови околу Сонцето. Сините и жолти делови ги покажуваат двете спротивни полови на магнетното поле.
Драматичната слика била создадена од
НАСА со помош на материјали собрани со напредните инструменти во една од нивните обзерватории. Бојата е додадена подоцна за сликата да биде јасна.