X
 12.04.2015 Технологија

На кој начин Фејсбук одлучува што оди во вашите новости?

fejsbuk

 

Пред неколку недели Фејсбук ја одржа неговата „F8“ конференција на којашто ги прикажуваше новите производи на девелопери од целиот свет.


За време на еден од говорите на настан во Сан Франциско, се открија интересни тајни позади тоа како Фејсбук одлучува што да оди на почетната страна на еден корисник, односно што тој би сакал да гледа.

Помошниот центар на Фејсбук објаснува дека „приказните кои се прикажуваат во вашата страна на новости влијаат од вашите поврзувања и активност на Фејсбук. Ова ви помага да гледате повеќе приказни кои ве интересираат од пријателите со кои најмногу комуницирате“.

Меѓутоа менаџерот на Фејсбук Крис Кокс и директорот за производство Адам Мосери даваат дополнителен опис за тоа како одлучуваат што да се појавува на страната за новости.

Според Мосери, компанијата користи три главни извори за собирање на податоци за она што Кокс го објаснува како „20 работи кои се важни секој ден“, за секој од милијардата корисници на оваа социјална мрежа.

- Како комуницирате со пријателите

- Видот на содржината кој го гледате - ако сакате повеќе фотографии од видеа тогаш голема е веројатноста да гледате повеќе фотографии во иднина

- Активноста на постовите - на пример, се појавуваат фотографии на кои се луѓето со кои најмногу комуницирате, како и други постови на кои овие луѓе коментирале.

Исто така, Фејсбук ги тестираше корисниците за да го рангира видот на содржината кој тие сакаат да го гледаат на скала од 1-5. Ова им помогна да ја исфрлат непопуларната содржина како на пример лажните вести и рекламите кои повремено се појавуваат.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија