X
 07.07.2017 Технологија

Подобар начин за полнење на вашиот телефон

Универзално прифатена вистина е дека батеријата на паметните телефони не може да трае подолго од 23 часа. Исто така, се верува дека честото полнење на телефонот на кратки периоди не е добро за батеријата.

Но ова не е вистина, барем според компанијата за производство на батерии „Cadex“. Оттаму велат дека лошо за батеријата е кога го оставате телефонот на полнач и тогаш кога батеријата е веќе полна. Тоа најчесто се случува кога го полните навечер. „Li-ion“ батериите не треба да бидат наполнети 100% бидејќи високата волтажа претставува стрес за батеријата.

Па така, од компанијата советуваат телефоните да не се полнат во текот на ноќта, туку преку ден. Препорачливо е да се користи ѕиден полнач, да се вклучи „airplane mode“, бидејќи помага во забрзувањето на процесот на полнење, а последен совет од компанијата е да не се вклучува екранот на телефонот и да не се проверува додека се полни бидејќи и тоа ја троши батеријата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија