X
 14.04.2015 Економија

Учете во странство: Буџет за Лондон

Размислувате да студирате во Лондон? Учењето во странство може да донесе голема инветиција во вашиот живот, и значително да влијае врз вашата биографија и потенцијалот на заработка.

 

3


„Учењето или стажирањето на интернационално нив им помага на студентите да развијат вештини кои работодавците ги бараат како што се решавање на проблеми, креативно размислување и флексибилност“, вели Даниел Обст, заменик претседател на Интернационалните партнерства во високо образование на Институтот за меѓународно образование.

Ви нудиме неколку конкретни причини зошто би требало да го изберете Лондон.

- 13 универзитети во Лондон се најдоа на листата на топ 30 универзитети

- На лондонските универзитети студираат повеќе од 100.000 интернационални студенти од 200 нации.

- Лондон има најмалку 45 универзитети, а 4 од нив се на светската листа за топ 40 универзитети.

- Потребни се само 3 години за да добиете бачелор диплома и една година за магистерски на повеќето лондонски универзитети.

- Лондон има 1.000 музеи и галерии, 100 кина, 350 места за жива музика и 7.500 барови и пабови.

- Студентската виза ви овозможува да работите 20 часа неделно, а просечната саатница е од 10 до 12 евра.

Каде да започнете?

Вашиот прв чекор е да стапите во контакт со канцеларијата за меѓународни студии на вашиот факултет/универзитет. Тие ќе имаат доста совети за вас и ќе ве поврзат со студенти кои неодамна се вратиле од студирање во Лондон.

Ако немате меѓународна канцеларија, не се грижете; постојат голем број на одлични извори за било кои информации. „A student guide to study abroad (достапно на iTunes и Amazon) е одлижен преглед кој ќе ви помогне да направите критички одлуки.

Откако ќе сфатите и разберете што се` се подразбира студирање во странство, пет организации се подготвени да ви помогнат во секој чекор за вашето студирање во Лондон. Прочитајте ја книгата „Study abroad budget: UK“, за детали за тоа како Британскиот совет, Услугата за запишување на универзитетите и колеџите и Британскиот совет за интернационални студентски прашања би можеле да ви помогнат.

Доколку сакате дополнителни информации, погледнете ги страните Acrossthe pond.com и StudyLondon.com; исто така имате одлични извори на интернет за спонзорирани програми.

Совети за заштеда

Лондон е скап град - потрошувачките цени вклучувајќи ја и киријата се прилично високи. „Градот е полн со студенти кои пронаоѓаат начин да успеат со финансиите. Постојат многу студентски попусти за културни локалитети, забава, патување и храна и постојат бесплатни настани и промоции насочени токму за лондонската студентска популација“, вели Елизабет Ротфас, советник за запишување на Аркадија Универзитетот во Лондон.

Веб странта savethestudent.com има одличен совет за вас: „Не ги трошете парите за планови кои ги правите. Правете планови околу парите што ги имате“.

Ден за ден буџет за студент во Лондон

Мобилни телефони - Студентите можат да купат евтини телефони (само за пораки и јавување - без интернет или камера за само 30 долари, и тие обично доаѓаат со кредит или бесплатни минути.

Вечера со пријателите
- Една вечера ќе чини 30 долари по личност за пијалок и јадење.

Заштедете пари преку кодови онлајн и преку планирање каде да одите на вечера.

Пијалок - Една чаша вино се движи од 6 долари па нагоре, а едно шише од 20 долари па нагоре.

Фудбалски натпревар - Билетите за натпреварите тешко е да се пронајдат со оглед на тоа што уште одамна се купени, меѓутоа обично чинат до 30 долари.

Кафе - Yumachaa е одлично место за кафе - 4.50 долари олја кафе.

Облека - Primark и H&M се евтини бутици со висока мода.

Локални патувања - Со таканаречената Оyster картичка ќе заштедите за метро и автобус; постои и студентска верзија од оваа картичка за која треба да поднесете документи.

Патување во Единбург - Патувањето одзема околу 4 и пол часа со воз и чини околу 130 долари за 16 до 25 години.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија