Постојат различни начини на кои можете подобро да управувате со вашата работа и вашиот живот, меѓутоа ви нудиме основни лекции кои ќе се покажат како доста вредни.
1 лекција
Еден маж влегува да се тушира во моментот кога неговата сопруга завршува со туширањето. Во меѓувреме ѕвони некој на врата. Сопругата набрзина става крпа и оди да отвори. Кога ја отвора вратата, го гледа Боб, нивниот сосед.
Пред таа да изговори било што, Боб вели: „Ќе ти дадам 800 долари да ја фрлиш крпата“.
Таа се помислила неколку секунди, меѓутоа одлучила да ја соблечи крпата. Така стоела гола пред Боб. После неколку секунди, Боб и` дава 800 долари и си заминува.
Жената брзо повторно ја става крпата и се враќа горе. Кога влезе во бањата, нејзиниот сопруг ја запраша: „Кој беше тоа?“ на што таа вели: „Беше Боб, нашиот сосед“.
„Одлично. Да не ти рече нешто за парите? Му позајмив 800 долари“.
Моралот од приказната
Ако споделите критични информации кои се однесуваат на кредитниот ризик со вашите акционери, може да избегнете изложување.
2 лекција
Еден свештеник и` понудил на една калуѓерка да ја однесе до манастирот. Таа влезе во автомобилот и ги прекрсти нозете, со што и` се виде голата нога. Свештеникот за малку што не доживеа несреќа. Откако успеа да го исконтролира автомобилот, тој полека ја стави раката на нејзината нога.
Калуѓерката му рече: „Оче, го помните Псалм 129?“
Свештеникот ја тргна својата рака. Но, додека менувал брзини, неговата рака повторно се најде на нејзината нога. Тогаш калуѓерката повторно му рече: „Оче, го помните Псалм 129?“ Свештеникот и` се извини: „Извини сестро, но телото е слабо“.
Пристигнувајќи во манастирот, калуѓерката тешко издиша и влезе во манастирот.
Кога влегол во црквата, свештеникот отишол да провери што вели Псалм 129. „Оди и барај понатаму, ќе најдеш слава“.
Моралот oд приказната:
Ако не си добро информиран за твојата работа, можностите ќе поминат покрај тебе.
3 лекција
Продавач, работник во администрација и менаџер на патот за на ручек, наоѓаат античка газиена лаба. Тие ја бришат ламбата и од неа излегува Духот. „На сите ќе ви дадам по една желба“, им вели Духот.
„Јас прв, јас прв!“, вели административниот работник. „Сакам да сум на Бахамите, да возам брод без никакви грижи“. И наеднаш исчезнува.
„Јас следен!Јас!“, вели продавачот. „Сакам да сум на Хаваите, да се опуштам на плажа со лична масажерка и Пина Колада, заедно со љубовта на мојот живот“. И него веднаш го снема.
„Добро, ти си на ред“, му вели Духот на менаџерот. Менаџерот вели: „Сакам овие двата да се вратат в канцеларија до ручек“.
Моралот од приказната:
Секогаш остави го шефот прв да зборува.
4 Лекција
Еден орел седел на едно дрво одмарајќи се. Мал зајак го забележал орелот и го прашал: „Дали и јас може да седам така како тебе и да не правам ништо?“
Орелот му рекол: „Секако, зошто да не“.
Па зајакот седнал на земја и се релаксирал. Наеднаш, се појавила една лисица, која скокнала и го изела зајакот.
Моралот од приказната:
За да седиш и да не правиш ништо, мораш да бидеш многу многу високо.
5 Лекција
Една мисирка разговара со бик. „Би сакала да се качам на она дрвото, но немам толку енергија“, му рекла таа.
„Зошто не каснеш од мојот измет? полн е со хранливи материи“, и` рекол бикот.
Мисирката каснала и открила дека навистина тоа и` дало сила да стигне до најниската гранка од дрвото. Следниот ден, после јадење на уште малку измет, таа стигнала до втората гранка. После четвртата вечер, мисирката гордо седела на врвот на дрвото. Таа била забележана од еден ловџија, кој ја застрелал.
Моралот од приказната:
Гомната можеби ќе те одведат до врвот, но нема да те зачуваат таму.
6 Лекција
Малечка птица патувала јужно за зимата. Било ладно и птицата замрзнала и паднала на земјата во големо поле. Додека лежела таму, една крава извршила измет на неа.
Како што лежела замрзнатата птица на земјата, во изметот на кравата, сфатила колку и` станува топло. Всушност, изметот и` помогнал да се одмрзне. Пресреќната птица започнала да пее. Една мачка која поминувала ја слушнала птицата, ја откопала од изметот и ја изела.
Моралот од приказната:
1. Не секој кој врши измет врз тебе е твој непријател.
2. Не секој кој те вади од изметот е твој пријател.
3. Додека си закопан во нечиј измет, најдобро би било да ја држиш устата затворена!