X
 02.09.2022 Образование

Унгарските власти со предупредување до девојките: Нема да се омажите ако сте помногубројни на факултетите

Унгарските власти ги предупредуваат девојките дека нема да успеат да најдат сопружници доколку се помногубројни на универзитетите.

Државната канцеларија за ревизија на Унгарија објавила публикација наречена „Розово образование“ во која стои дека феноменот наречен „розово образование“ има многу економски и социјални реперкусии. Во публикацијата стои предупредување дека доколку девојките се помногубројни на универзитетите, нема да имаат можност да запознаат партнери на еднакво интелектуално ниво.

- Ова би можело да резултира во пад на плодноста - заклучува извештајот.

Во него се наведува дека дури 82 отсто од наставниците во Унгарија се жени, што може да влијае врз образованието на момчињата, односно губење на можноста да се научат вештини како поправање уреди во домот.


Фото: Pixabay

- Ако образованието фаворизира женски карактеристики, како емоционална и социјална зрелост, и предизвикува прекумерна застапеност на жените на универзитетите, рамноправноста помеѓу половите значајно ќе се наруши - сметаат од канцеларијата.

Публикацијата дури предупредува дека момчињата би можеле да развијат ментални и бихевиорални проблеми доколку немаат можност за развивање претприемачки вештини или не учат да преземаат ризици.

Речиси 60 отсто од дипломците се жени

По преземањето на власта во 2010 година, Виктор Орбан ветил спроведување на „конзервативна револуција“. Неговите аналитичари тврдат дека преголемиот број девојки на факултетите може да предизвикаат „демографски проблеми“.


Фото: Pixabay

Во периодот од 2010 до 2021 расте бројот на девојки што се запишуваат на факултет. Така, во моментов, 54,5 отсто од студентите се жени, а меѓу дипломираните процентот изнесува речиси 60 отсто во прилог на жените.

- Доколку овој тренд продолжи, пресвртот во родовата нерамноправност на факултетите би можел да доведе до намалување на стапката на наталитет бидејќи девојките поретко ќе се одлучуваат за брак и деца - предвидуваат од канцеларијата.

Извор: Moj faks 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование