X
 15.04.2015 Технологија

Кои се најбогатите личности на Youtube?

Овие Youtube сензации имаат милиони - а вие би можеле да бидете изненадени кои луѓе стојат позади каналите. Оваа веб страна има моќ секојдневните личности да ги направи познати и славни (Џастин Бибер треба да му се заблагодари на Youtube за неговата слава) и поради структурата на приходите на оваа страна, овие луѓе профитираат од удобноста на нивниот дом.

 

1


Youtube држи 45% од сите заработки од реклами на едно видео, а создавачот на содржината има 55%. Кои се најуспешните Youtube канали?

1. DisneyCollectorBR

Најмногу пари заработува анонимна жена која добива плата отворајќи играчки за љубопитните купувачи. Токму така, каналот „DisneyCollectorBr“ има највисока заработувачка на страната и прави околу 4.9 милиони долари годишно. Иако во неколку наврати „The New York times“ откри дека операторот позади страната е Бразилец кој моментално живее во Њујорк, сепак, се`уште не е откриен нејзиниот идентитет.

Таа има 4.1 милиони претплатници, а нејзините видеа се прегледани над 5.8 милјарди пати.

2. PewDiePie

„PewDiePie“ е коментатор на видео игри и е доста познат во круговите на луѓето опседнати со игри. Овој јутубер прави 4 милиони долари годишно, постирајќи видеа играјќи и дискутирајќи видео игри. Со тоа тој привлече над 35 милиони претплатници, а неговите видеа се прегледани над 20 милиони пати, со 8 милјарди вкупно гледаност. Неговите фанови ги привлекува неговата харизма и техниката на директно раскажување.

3. Smosh

Дуото Иан Хекокс и Ентони Падиља го започнале каналот во 2005 година, и од тогаш имаат заработени милиони за нивните рутини во комедијата и скечови. Тимот од Сакраменто експлодира на сцената на Youtube откако ја постира серијата на видеа со синхронизирано пеење. Овој канал прави 4 милиони долари годишно, а има над 20 милиони претплатници.

4. TheFineBros

TheFineBros се Бени и Рафи Фајн, браќа од Бруклин и онлајн продуценти/писатели/режисери. Браќата Фајн ги донесоа нивните видеа на Youtube во 2007 година, а после кратко време ја создадоа и нивната продукциска компанија „Fine Brothers Entertainment“ во 2011 година. Најпознати се по нивниот серијал „React“, кој ги прикажува младите како реагираат на одреден дел на поп култура. Браќата заработуваат 2.4 милиони долари годишно и имаат милиони прегледи на нивните видеа.

5. Yogscast Lewis & Simon (претходно познати како BlueXephos)

Видеата на Луис и Сајмон од Бристол, воглавно вклучуваат игри како Minecraft и World of warcraft. Видеата ги лансирале во 2008 година, па од тогаш нивниот канал станал најголемиот канал за игри во Британија, а воедно и првиот британски канал кој достигнал една милијарда прегледи. Гејмерите заработуваат околу 2 милиони долари годишно, а имаат над 7 милиони претплатници.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија