„Тик-ток“ неодамна најави нови функции кои ја доближуваат платформата уште поблиску до најпопуларната мрежа за подолги видеоснимки - „Јутјуб“.
Клучната промена е поддршката за хоризонтални видеа подолги од една минута, со цел да ги мотивира корисниците да ја прошират својата содржина. „Тик-ток“ ќе ги промовира овие подолги видеа во рок од 72 часа по објавувањето, давајќи им на креаторите повеќе од три месеци зголемена гледаност, исклучувајќи ги рекламите и политичката содржина.
Ова е уште еден чекор кон зголемување на должината на видеата на „Тик-ток“, со оглед на неодамнешното зголемување на максималната дозволена должина од 15 на 30 минути. Овој потег може да има цел да привлече создавачи кои веќе се навикнати на подолги видеоформати, како оние на „Јутјуб, каде што монетизацијата често е поврзана со подолги содржини.
„Тик-ток“ презеде чекори за создавање дополнителни можности за монетизација, вклучувајќи ја и програмата „Серии“, која им овозможува на креаторите да создаваат колекции на клипови за своите претплатници кои се подготвени да ги поддржат финансиски. Потезите укажуваат на зголемена сличност меѓу „Тик-ток“ и „Јутјуб“ бидејќи „Тик-ток“ се стреми да ги задоволи различните потреби на својата разновидна заедница.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik