Арати Прабакар, директор на одделот за истражување во Пентагон, откри револуционерно откритие за контрола на машините со мозокот.
Џан Шорман, 55-годишна хендикепирана жена со електроди во својот мозок може да лета со авион F-35 користејќи ги само мислите. Научниците и докторите ставиле електроди во левата страна од нејзиниот мозок во 2012 години со кои таа контролира роботска рака.
Но, таа не ја користи роботската рака само за обични работи, ами за да контролира авион. Засега, Џан успева да управува со авионот како дел од симулација и не е пилот.
Со ова достигнување се отвараат многу врати кон иднината кадешто може да се избришат некои граници за да се прават незамисливи работи.