X
 15.04.2015 Култура

"Најстрашните" женски болести

Лекарите секојдневно наидуваат на нови здравствени состојби кај луѓето. Добро е што денес не мораме да добиваме „лекови“ кои попрво би не' убиле отколку да не' излечат. „VoxFeminae.net“ пишува за некои луди болести кои се сметале за „страшни“ кај жените.



Велосипедско лице

Кон крајот на 19-от век, сите жени користеле велосипед. Докторите ги предупредувале дека ќе станат грди поради изразите кои ги прават за време на возењето. Тие го правеле тоа за да го спречат трендот кој започнал да се шири. Имено, жените станувале понезависни. Тие дури измислиле болест која имала симптоми како депресија, исцрпеност, несоница, главоболка и „велосипедско лице“. Но, ефектот не бил постигнат. Наместо тоа, жените започнале да се облекуваат поудобно и ги отфрлиле корсетите.

Изгубена матка

Жените пателе од синдромот „изгубена матка“ или „шетачка матка“ од древни времиња. Имено, луѓето сметале дека оваа состојба го менувала расположението и влијаела на здравјето на жените. Лекарите дури препорачувале лекови, како нанесување мириси на гениталиите, за оваа „состојба“.

Хистерија

Симптомите за оваа „болест“ биле: анксиозност, несоница, раздразеност, нервоза, еротски фантазии и чувство на тежина во стомакот. Лекарите „лечеле“ од оваа болест со масажа на гениталиите.


Емоционална исцрпеност

Првата лоботомија била направена во 1936 година. Валтер Фримен, психијатарот кој ја препорачал, сметал дека преоптеретеноста на чувствата довела до ментална болест која може да се излечи само со сечење на одредени нерви во мозокот. Секако, сите пациенти биле жени кои имале „проблеми со емоциите“.

Поправање

Оваа болест се поврзува со несвестицата, клиничката депресија, хипохондрија и сите симптоми поврзани со ПМС-от кај жените. Под овој поим се подразбирало чувството на тегоба. Жените се „лечеле“ со вдишување мирисни соли и одмор.

Лудило

До крајот на 19-от век, главните лудаци во светот биле жените. Жените се сметале за детинести, ирационални и сексуално нестабилни, а решението за сите овие проблеми било сместувањето во лудница.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура