Добро ви е позната приказната за Пепелашка и нејзиното чевличе. Но, тоа не е единствената верзија, а сигурно не е најстарата. Постои и античка египетска верзија од првиот век.
Приказната за Родопис
Приказната е според грчкиот историчар Страбо. Прекрасната куртизана Родопис се капела во својот роден град Наукратис кога една од нејзините сандали била грабната од орел. Орелот потоа одлетал во Мемфис и ја испуштил сандалата кај фараонот. Тој веднаш побарал од своите слуги да ја пронајдат жената на која ѝ припаѓа сандалата. Ја пронашле и ја довеле кај фараонот, и тие двајца живееле среќно до крајот на животот.
Сите не се согласуваат со оваа верзија. Оваа приказна била раскажувана и подоцна во 1920 година, кога авторот Олив Бопре Милер ја вклучил приказната во својата книга на бајки и неговата верзија има многу повеќе сличности со Пепелашка за која сите знаеме. Наместо куртизана,
Родопис била слугинка која разговарала со животните. Факт е дека постоела куртизана со тоа име, но таа живеела околу 700 години пред Страбо и била од Тракија, а не од Египет.
Пепелашките од светот
Можеби Родопис не е првата Пепелашка, а можеби и е. Сепак, Пепелашка која ја знаеме има голем број роднини низ светот:
- Сендрилион (Франција, 1697 година) – Најстарата верзија која е најмногу слична со анимираниот филм на „Дизни“. Кочијата што настанува од тиква и стаклените чевлички. Но, има и една голема разлика. Нејзините полусестри ѝ се извинуваат за лошото однесување и се мажат за свои принцови.
- Је Џиан (Кина, помеѓу 608 и 907 година) – Наместо разговарање со глувче како најдобар пријател, во оваа приказна има риба, која нејзината маќеа ја убива и со неа ги храни полусестрите. Но, потоа двете умираат откако Је Џиан посакува желба над коските од рибата да присуствува на балот.
- Ашхенпутел (Германија, 1812 година) – На германски нејзиното име значи Будалетинка од пепел. Поголемиот дел од времето ѝ поминува плачејќи на гробот од својата мајка, а тоа предизвикува да се појави магично дрво. Дрвото потоа се претвора во сето она што ѝ е потребно за балот.
- Сенерентола (Италија, 1634 година) – Хероината е позната како Зезола и е обвинета од гувернантата дека ја убила својата маќеа. Гувернантата се доселува со своите 6 ќерки. Потоа има малку магија, таа го губи чевелот и се мажи за принц. Не се објаснува дали се соочува со казна за убиството. Најмрачна верзија на
Пепелашка.