X
 09.05.2015 Здравје

Вашиот мозок може да ве измами, па дури и разболи

Никогаш не заборавајте дека сè уште не знаеме сè за нашите мозоци и тела. Поточно, за нивната поврзаност. Плацебо ефектот е присутен, но тој е многу помоќен од она што мислиме. Мозокот може да го измами телото да мисли дека е болно, па дури и да ги има физичките симптоми.


Лажна бременост

Жена сте. Менструалниот циклус доцни и сега започнувате да имате вртоглавици изутрина. По неколку недели, вашиот стомак потекува. Но, лекарот вели дека нема бебе. Сè е до вашата глава. Лажната бременост била присутна одамна, а низ историјата и' наведувале повеќе причини за појава.


Хистериско слепило и парализа

Има пациенти кои се слепи со години, па дури и децении, иако немале никаков физички проблем. Ова слепило е дело на мозокот. Состојбата се нарекува хистериско слепило, а се појавува кога пациентот го менува емоционалниот и физиолошкиот стрес со физички проблем (слепило) преку начин кој науката сè уште не го разбира. Најчесто се појавува при шок или траума. Понекогаш, оваа промена завршува со парализа на некои од екстремитетите.


Фобија од ХИВ

Една личност имала симптоми на ХИВ и била сигурна дека е заразена од вирусот откако слушнала дека вирусот се шири во неговата земја. Тој дури ослабел десетици килограми и тврдел дека вирусот ги зафатил и неговата сопруга и деца, кои исто така ги имале симптомите. Многубројните тестови покажале дека тој е здрав, или барем дека не боледува од СИДА. Експертите сметаат дека ова нарушување било предизвикано од преголем страв од заболување и/или вина поради сексуални услуги со проститутки.


Ерусалимски синдром

Во Израел сте и одеднаш еден член од турата ја напушта групата, облекува бела наметка и започнува да шета низ градот пеејќи религиозни песни. Оваа личност немала претходни ментални проблеми и ќе се врати во нормала штом го напушти градот. Следниот месец, ќе има уште некој таков. Жртвата на овој синдром секогаш ги има истите симптоми: носи бела наметка, шета низ градот извикувајќи религиозни слогани или пеејќи песни и се моли на свето место. Истражувањето за овој синдром не открило што го предизвикува.


Синдром на пензиониран сопруг

Приближно 60% од јапонските жени над 60 години страдаат од синдромот. Симптомите се: чешање по телото, проблеми со говорот, повраќање по јадењето. Проблемот е во работните часови на јапонските мажи, кои се големи. Јапонците го поминуваат животот работејќи и поминувајќи малку време во својот дом, а нивните сопруги се навикнуваат на тоа. Токму затоа, пензионирањето на сопрузите претставува шок за жените кои биле предолго изолирани.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје