X
 16.04.2015 Образование

Масовен протестен марш на средношколците и наставниците во Куманово

По голем број притисоци врз средношколците и уште поголемиот број лажни информации за прекинување на бојкотот во училиштата во Куманово, средношколците одлучија да одржат масовен протестен марш. Маршот е организиран од Средношколскиот и Наставничкиот пленум.


„Граѓани

Образованието е темел на постоењето на една култура и цивилизација. Квалитетно образование значи квалитетно општество и поубави услови за живот. Образованието е најголем реформатор, и процес кој треба да ја исткне креативноста и иновативноста, а не автоматизирано присвојување на информации.

Сведоци сме, дека нашиот образовен систем, сериозно заостанува зад светските едукациски трендови. И во обид да се модернизира, секојдневно се соочува со големи проблеми и контрадикторности, поради недоволна анализа и прилагоденост кон досегашниот начин на работа.

Светот на младите останува, утре ние треба да продолжиме да го градиме младото македонско општество, за кое со векови се пролеваше крв. Зарем генерациите кои сега седат во училишните клупи не заслужуваат квалитетно образование, како нашите врсници од развиените земји. И ние сме млади ентузијасти, желни за можности да ги искажеме и развиваме нашите идеи и погледи на свет.

Наставничкиот и средношколскиот пленум, објавуваат протестен марш во Куманово, утре на 17.04.2015 (петок) со почеток во 12:00. Збирното место ќе биде на плоштад кај фонтаната на Батко Ѓорѓија, а ќе се упатиме кон ресорната единица на МОН и БРО.

Ова е прв заеднички чекор на наставниците и учениците. Ученици, БАРАВМЕ ПОДДШКА ОД НАСТАВНИЦИТЕ, СЕГА ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ!!!

Упатуваме јавна покана до сите граѓани да ни се приклучат, и да не поддржат во борбата за подобра иднина, затоа што НИЕ СМЕ ИДНИНАТА!!! АРГУМЕНТИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ!!! СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ!!!

#ПоздравПленумци“

Настанот на „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование