X
 17.04.2015 Технологија

Разликите во визиите на двајцата основачи на "Google"

Сергеј Брин и Лари Пејџ се прилично познати имиња, особено во технолошката индустрија. Едниот е коосновач на „Гугл“, а другиот... исто така, коосновач на „Гугл“. Тие се двајцата генијалци кои стојат зад пребарувачот кој го користи поголемиот дел од светот денес.


Брин и Пејџ секогаш одат во пар, барем така изгледа во очите на јавноста. Но, двајцата имале различна визија за „Гугл“. Во март 2015 година видовме дека визијата на Лари Пејџ за „Гугл“ е поамбициозна и уникатна во споредба со онаа на Сергеј Брин.

Пејџ стана извршен директор на компанијата во 2011 година и оттогаш ја води компанијата во повеќе екстремни технолошки проекти одеднаш. Од друга страна, Брин сака компанијата да работи на само еден голем проект истовремено. На пример, тој се залагал компанијата да работи само на очилата до средината на 2013 година, а потоа на автономните возила до март 2015 година.

Пејџ го води „Гугл“ и кон мобилната индустрија повеќе. Визиите на двајцата се спојуваат во значењето на истражувањата и развојот во вештачката интелигенција, роботиката и беспилотните летала.


Пејџ и Брин го основаа „Гугл“ во 1998 година со заедничка мисија за организирање на светските информации и овозможување пристап до нив од страна на јавноста. Двајцата претприемачи станаа милијардери со реализацијата на оваа мисија.

Од март годинава, тие работат заедно, со Брин на чело со „Google X“, за да предизвикаат позитивно влијание на светот преку технологијата. Пејџ изјави дека има намера да ги одбегне чекорите на поранешните технолошки гиганти кои сега се веќе заборавени. Плановите на Пејџ се за водење на компанијата низ повеќе индустрии преку иновативни проекти како балоните за интернет и наночестичките со кои лекарите може да го откријат ракот во порани фази.

Така, на крајот добиваме „Гугл“ кој е дефинитивно универзален и го има насекаде - во роботиката, во автомобилската индустрија, во медицината и каде уште не?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија