Иновативната алатка на „Гугл“ е дизајнирана да им помогне на урбаните области да ја намалат температурата на нивните улици со цел да им го олеснат животот на жителите, но исто така и како глобална иницијатива за позитивно влијание врз сè поизразените климатски промени.
Алатката наречена „Environmental Insights Explorer“ ги мапира градовите со огромна потреба од бујна вегетација за да го забават и намалат затоплувањето.
Покрај зголемувањето на загадувањето на воздухот, глобалното затоплување е највлијателен фактор во негативните климатски промени. Појавата на урбани топлински острови поради големиот број згради и асфалтни површини наведува дека треба итно да се спроведе план за проширување на зелените урбани области. Зелените области носат неизмерни придобивки за населението и планетата воопшто, а во градовите создаваат неопходна сенка и дополнителна влага.
Целта на тимот од „Три канопи лаб“ е да го мапира секое дрво во одреден град со помош на гугл-снимки од воздухот. Преку вкрстување на информации, како густината на населението и кои населби се најчувствителни на високи температури, целта е да им се помогне на градовите да откријат каде да засадат нови дрвја. Првото истражување беше спроведено во Лос Анџелес, а податоците покажуваат дека повеќе од половина од жителите на овој град живеат во области што помалку од 10 отсто се под сенката на дрвјата, а дури 44 отсто од жителите живеат во населени места со ризик од екстремна топлина.
„Гугл“ испрати покана до сите урбанистички планери низ светот, како и до оние што работат во градските администрации, да аплицираат и да соработуваат.
Извор:
Domusweb.com
Фото: Google, Environmental Insights Explorer