„Мајкрософт“ на својата годишна конференција претставува проект чија цел е преземање на пазарот на соработливо пишување од „Гугл документс“.
Софтверот, кој ќе биде воведен во Ворд, Офис и Аутлук, ќе им биде достапен на девелоперите оваа година. Тој е наречен „Fluid Framework“ и овозможува симултано пишување и едитирање. „Мајкрософт“ исто така се обидува да го изгради сервисот со интегрирана вештачка интелигенција - „Флуидниот“ документ би можел да биде анализиран од стотици ботови за да се помогне во соработката, без разлика дали тоа е превод на текст во реално време за колеги кои зборуваат друг јазик, преземање содржина од интернет или сугерирање на граматички корекции.
Фото: Quartz
Исто така, ќе има и поврзување на информациите во различни документи. На пример, ако некоја табела од „Ексел“ ја пренесете во документ во „Ворд“ и потоа истата таа табела ја ажурирате во „Ексел“, таа автоматски ќе се ажурира и во „Ворд“.
Соработливото пишување, односно истовремена работа на еден документ од страна на повеќе лица, не е новина за „Мајкрософт“. Таа опција е возможна во „Ворд“ уште од 2015
година.