X
 17.04.2015 Образование

Се проширува бојкотот на битолските средношколци

бојкот 

 

Бојкотот на средношколците од Битола се прошири скоро во сите средни училишта. Денес бојкотира и долната гимназија „Таки Даскало“, а вчера и завчера се приклучија и економското училиште „Јане Сандански“ и средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“.


Наместо редовна настава тие во дворовите на училиштата имаат алтернативни предавања, дискусии и различни активности.


Како што велат учениците, изложени се на неверојатни притисоци, закани за намалено поведение: „Постојат огромни притисоци; не` обвинуваат нас дека сме вршеле притисок врз соучениците да бојкотираат. Заклучени ни се тоалетите, и постојано се соочуваме со секаков вид закани.“, велат дел од средношколците.

Барањата на средношколците се да се врати стариот концепт на полагање на државна матура, укинување на екстерното тестирање и укинување на електронското полагање. Учениците очекуваат од министерот за образование да ги повика на средба која беше ветена уште минатата недела.

 

Погледнете низ фотографии како поминува бојкотот на средношколците во Битола ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование