Во полето на образованието и во училиштата, претежно доминираат жените, додека мажите се помалку застапени. Мојот сопруг отсекогаш бил или единствениот наставник или еден од двајцата наставници мажи во претходните училишта па често се чини како да е училишната маскота. Всушност, тој беше единствениот машки студент на факултет.
Се запознавме додека бевме на факултет, па во периодот од 4 години и јас започнав да ја делам неговата страст за образование на децата во основно. Неговата прва понуда за работа му беше понудена во град кој се наоѓаше на другиот дел од државата, па затоа ние дадовме отказ од нашите корпоративни работни места, ги спакувавме куферите и ја започнавме нашата нова авантура која беше дел од следењето на неговата страст за предавање. Сето тоа ме подготви за патувањето кое не` очекуваше.
Ја прифати неговата прва понуда за работа бидејќи беше неверојатно возбуден и страсен за предавање, а јас бев возбудена поради тоа што неговите соништа конечно ќе започнат да се реализираат. Во сета таа возбуда не видовме дека всушност ќе живееме во една од најсиромашните области во Флорида, која беше и една од најнеписмени области во Америка. Повеќе од 90% од неговите ученици не само што не зборуваа англиски туку и англискиот не беше нивниот втор јазик.
Иако имав голема желба да го поддржам мојот сопруг во неговата кариера, сепак не бев подготвена да се соочам со финансискиот стрес кој го подоги нашето семејство. Постоеја многу работи кои дополнително придонесоа за стресот како раѓањето на нашите деца, дијагнозата на аутизам, замрзнувањето на платата, лошото осигурување и доктори и слично. Лесно беше да им се завидува на пријателите кои имаа работни места во образованието и добиваа одлична плата, меѓутоа од сето ова искуство јас сум среќна што можам да кажам дека научив многу работи. Биди СИЛНА. Биди ТРПЕЛИВА. Дај ја својата ПОДДРШКА.
Никогаш нема да постои училиште кое ќе биде совршено. Ниту пак неговите наставници. Ниту пак неговите ученици. Не е важно дали сте во приватно или државно училиште. Постојат неверојатни училишта и наставници кои знаат да го променат животот. Но со брзото темпо со кое расте технологијата, промената и развојот на медицинската дијагноза и промената на генерациите, формирањето на наставната програма, државното тестирање и новите барања на образованието. Образованието на нашите деца пред 50 години не е исто со образованието кое им е потребно денес.
Никогаш не го жртвувајте вашето семејство за позицијата наставник. Никогаш. Не можам да ви кажам колку многу наставници кои ги запознавме беа под толкав стрес не само што си го влошија здравјето туку и си ги уништија семејствата. Бевме сведоци на наставници кои под стрес подлегнаа на удари, напади, болници и сериозни болести како резултат на стресот на работното место, па дури и на крајот смрт. Ако не можете да останете здрави поради стресот вие не си помагате ниту себеси ниту на учениците. Тогаш е време кога треба да пронајдете друго училиште, да промените кариера или да се преместите некаде на друго место. Причината поради која мојот сопруг го напушти првото работно место беше токму стресот, па ние одлучивме да одиме да живееме на нова локација, да започнеме одново и да основаме семејство. Можам да ви кажам дека мојот сопруг доживеа неуспех поради тоа што ги остави неговите ученици. Беше најстрашната, најтешката и најдбора одлука не само за мојот сопруг и неговата кариера, туку и за целото наше семејство.
Во ред е да започнете да размислувате за алтернативна кариера. Луѓето апсолутно имаат вродени наставнички вештини. Поголемиот дел од наставниците кои ги познавам знам дека сакале да бидат наставници уште од мали деца. Ако ви е потребна промена постојат толку многу области во кои повторно можете да им предавате на децата кои не вклучуваат типичен училишен амбиент. Од тутори, виртуелни училишта, развивање на наставна програма, работилници, едукативен директор, младински организации, издавач за детски книги итн - постојат толку многу алтернативни опции со кои можете да останите во вашето поле.
Потребно е да бидете подготвени да ви биде срцето скршено. Подгответе се за сите оние тажни приказни кои децата изгубиле родител. Деца кои завршиле на улица. Болни деца. Деца кои биле злоупотребувани. Она што им се случува е доста реално и е насекаде. Мојот сопруг постојано обезбедуваше храна за децата од неговата училница за да можат да јадат, дури и ако тоа значеше ние да скратиме со нашето купување на храна.
Можам да кажам дека е животна инвестиција. Возбудата на лицето на мојот сопруг кога неговиот слаб ученик конечно сфатил нешто или олеснувањето кога детето ја добива помошта која му била потребна со години - тоа е навистина нешто за кое сум многу благодарна. Не постои ништо поубаво кога вашите студенти ќе пораснат и кога ќе ве сретнат некаде и од се` срце ќе ве прегрнат. Токму поради тоа наставниците ја сакаат својата работа. Тоа за нив е животна инвестиција. Тие не ги сакаат парите и престижот - тие несебично прикажуваат трпение и упорност во бробата за нивните ученици да бидат најдобри.
Секој ден наставниците прават огромна разлика. СЕКОЈ ДЕН. Тоа е голем товар да се носи и огромен поттик спакуван во една голема топка на страст. Можеби е тешко, меѓутоа јас ве охрабрувам да го следите вашето срце и она што е најдобро за вашето семејство. Не можете да се справите со целиот свет и да ги поправите сите проблеми во образовниот систем, меѓутоа апсолутно дека можете да направите разлика во животот на секое дете кое ќе влезе кај вас. Секое дете. Еден по еден ден.