X
 22.04.2016 Образование

Земјата во која факултетската диплома е бесплатна

student

 

Како студент, несомнено е дека посакувате шанса да добиете диплома со минимални трошоци и најдобар квалитет на студирање. Во поголемиот број на земји во светот местото на врвните универзитети е многу тешка битка. Особено, во време кога економскиот, технолошкиот и политичкиот развој расте со брзо темпо, не можете лесно да се оддалечите себеси од алатките и вештините кои ви се потребни за да просперирате на локалниот и глобалниот пазар.


Но, токму тука станува комплицирано како што финансиските ресурси се главната причина зошто привилегијата на студирањето е невозможна за секој заинтересиран студент. Само неколку држави досега се свесни за важноста на бесплатното студирање - тука најмногу се издвојува Германија. Германија ја задржа својата долга традиција на нудење бесплатно образование за локалните и странските студенти, а квалитетот на студии се наоѓа меѓу топ-универзитетите во светот. Таа е главна дестинација за студентите од земјите кадешто партиципацијата е највисока.

Во нашата земја студирањето се одвива од 200 евра нагоре, па често пати родителите мораат да ја потрошат заштедата или да се „удават“ во долгови за да им понудат високо образование на своите деца. Стипендијата малку ги олеснува работите иако ретко кој добива стипендија - затоа Германија е број еден држава кога станува збор за студентите кои сакаат бесплатно образование.

Во 2006 година, германските власти нудеа идеја за повисока школарина и одлучија да ја зголемат за 1.500 евра годишно. Но, одлуката не траеше долго време, бидејќи германските граѓани се одлучија да плаќаат повисоки даноци за да им овозможат бесплатно образование на студентите, што се покажа како голема корист. Затоа, германските универзитети продолжија со бесплатното образование.

Нудејќи илјадници програми за сите академски нивоа, јазикот не е ограничување - постојат голем број на предавања на англиски јазик кои се достапни за интернационалните студенти иако добро би било да се научи германскиот кој би бил од голема помош доколку студентот сака да добие работа во Германија.

Вредно е да се спомене фактот што повеќето дипломирани студенти - и локални и меѓународни, одлучуваат да останат и да пронајдат работа во Германија, поради добрите можности кои ги нудат старт-ап компаниите.

Иако не е лесно, сепак надлежните органи од целиот свет (вклучувајќи ги и нашите) треба да го анализираат германскиот модел како и нејзиното локално и меѓународно влијание. Што се однесува пак за Германија - се` додека нуди бесплатно образование, таа ќе продолжи да биде број еден избор за студентите во глобален размер и водечки претставник кој и тоа како е тешко да се победи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование