X
 18.04.2015 Технологија

Апликација која им помага на родителите

ParentsWare е платформа која нуди производи за помош на родителите, а нивниот прв производ OurPact им помага на родителите да го решат проблемот со пречестата употреба на мобилните телефони од децата.

 

tablet


OurPact на родителите им нуди можност за ограничување и контрола врз времето кое нивните деца го поминуваат онлајн, како и содржината која тие ја гледаат.

Основачот на ParentsWare Амир Моусавиан вели дека освен ограничување на времето, оваа апликација на родителите им помага да видат што нивните деца пребаруваат онлајн.

Достапен на iOS, а од мај и на Аndroid

Еден од начините за контрола се филтерите за родители вградени во оперативниот систем на уредот, а вториот е тоа што апликацијата на родителите им нуди подобра контрола врз времето поминато онлајн и бројот на логирања во денот. OurPact од февруари е достапен за iOS уредите, а на Аndroid ќе биде достапен во мај.

За употреба на апликацијата, родителите треба да ја симнат апликацијата, а потоа да ги поврзат уредот на детето и нивниот уред. Со тоа на уредот на детето се инсталира дравјер, па кога родителот ќе се логира во апликацијата може да го види името на детето и неговите уреди. На родителите останува да одлучат кога уредот може да се користи за играње или сурфање. Бидејќи целото ограничување може да се прави на далечина, нема потреба од расправии и земање на мобилниот телефон.

„Ако се наоѓате во ресторан и вашето дете игра онлајн, тогаш со еден клик можете да го забраните играњето или сурфањето“, вели Моусавиан.

Возрасните користи можат да ја користат за откажување од интернет зависноста

Иако апликацијата е наменета за родителите, Моусавиан вели дека околу 10% од корисниците се возрасни кои сакаат да ја контролираат нивната интернет зависност како што е онлајн коцкањето, социјалните мрежи и онлајн шопингот.

Единствено нешто што OurPact не може да исклучи се повиците и пораките.

Примена во училиштата

Во иднина OurPact планира да вгради можност за ограничување или забрана за користење на одредени апликации како Snapchat, Instagram, Youtube или Facebook. Моусавиан се надева дека во иднина неговата апликација ќе пронајде примена во училиштата кои се` повеќе ги користат таблетите во наставата.

„Наставниците ќе можат да знаат дали нивните ученици сурфаат или ја читаат зададената книга, а училиштата ќе одредуваат кои апликации можат да се користат“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија