X
 23.01.2017 Живот

Трикови со кои вашите деца ќе го засакаат чистењето

Понекогаш ви е потребна помош и ако вие постојано го чистите нередот на своите деца, тогаш освен што ќе бидете исцрпени, нема да ги научите на одговорност. Ова се неколку трикови кои ќе ги натераат вашите деца да воспостават ред и да расчистуваат позади себе.


1.    Поставете временска граница

Предизвикајте го детето да го надмудри часовникот – не дозволувајте да го пролонгира времето за средување, поставете му предизвик во одреден временски период да ги заврши обврските.

2.    Дајте им на вашите деца соодветни материјали за чистење

Децата сакаат да го имитираат однесувањето на возрасните, но тешко им е кога ги употребуваат истите материјали како и возрасните. Дајте им на вашите деца соодветни материјали, на пример, малечка кошничка во која можат да ги собираат играчките. Тоа што ќе имаат свои алатки, прави да се чувствуваат посамоуверени.

3.    Облека за успех

Доделувањето на одредена улога е одлична за да се воведе забава во целокупната процедура на чистење. Вашата ќерка нека биде Пепелашка додека го расчистува нередот. Ќе ужива во својата улога и ќе ја заврши обврската со чувство на забава.

4.    Организација

Најважно е за децата да имаат систем кој ќе го следат за да го расчистат нередот. Организирајте ги и воведете им одреден редослед кој ќе го следат.

5.    Чистењето – возможна мисија

Креирајте предизвик за вашето дете – побарајте да ги расчистува само играчките со одредена боја и уште многу други предизвици според вашето размислување. Тоа е потребно за на вашето дете да му биде поинтересно додека расчистува.

6.    Кога чистењето е игра, сите победуваат

Можете да играте најразлични игри додека расчистувате за истовремено да се забавувате и вашето дете да не го сфати чистењето како нешто лошо и здодевно.

7.    Играње во тим

Охрабрете ги и останатите членови од семејството да се приклучат во средувањето, со цел да ги поделите обврските и што побрзо и поефикасно да завршите со расчистувањето и воедно сите да поминувате повеќе време заедно.

8.    Држете ги дечињата во неизвесност

Децата повеќе се интересираат кога нешто не им е доволно познато. Побаајте од нив да завршат одредена обврска, па откако ќе ја завршат, напишете ја на интересна хартија следната. Направете го средувањето забавно и интересно.

9.    Скриени богатства за да ги наградите

Покажете им на дечињата дека сте полни со изненадувања на тој начин што ќе ги наградите откако ќе ги завршат обврските. Покажете им дека се вредни и заслужуваат награда за сработеното.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот