Питер Тиел не понудил залудно 100.000 долари на секоја американски студент кој ќе го напушти факултетот и ќе започне старт ап компанија.
Иако денес главната „мантра“ за претприемништво може да се научи, вистинскиот талент е вроден - барем доколку фрлите поглед на најуспешните основачи на компаниите кои пред нивните 30-ти години успеале да се збогатат.
Можеме да се расправаме за тоа дали 30 години се рана младост, но како и да гледаме, постигнувањата на овие луѓе се доста импресивни.
1. Мишел Фан
Родена на 11 април 1987 година, Мишел заработила милиони шминкајќи се и учејќи ги другите како да го прават тоа. Во 2003 година таа започнала да пишува блог, на кој јасно навела дека целта и` е да успее во животот. И тоа и го докажа. Во 2012 година нејзините видеа имаа 40 илјади прегледи неделно. Тогаш таа ја создава козметичката компанија Ipsy И започнува со производство на сопствена линија на шминки.
Ipsy за 2015 година предвидува приход од 120 милиони долари.
2. Ник Д'Aлоисио
Овој млад човек е роден на 11 јануари 1995 година. Во 2011 година го создаде Trimit, кондензатор на содржини, за кој уште тогаш остварил 300 илјади долари влог. Истата година Ник направил подобрена верзија.
Во 2012 година добил дополнителни 1 милион долари инвестиции и вложувања и тоа од различни инвеститори меѓу кои и Јоко Оно и Ештон Качер. Во 2013 година Yahoo му го купи Summly за 30 милиони долари.
Неговата нето вредност моментално се проценува на 23 милиони долари.
3. Пит Кешмор
Роден на 18 септември 1985 година, Пит наскоро ќе наполни 30 години, а зад себе има богато работно искуство. овој човек е основач на Mashable, популарна американска веб страна која ја основал во 2005 година работејќи 18 часа дневно за неговиот проект да биде успешен.
Процената на нето вредноста е 95 милиони долари.
4. Дејвид Карп
Роден на 7 јуни 1986 година, Дејвид е основач на Tumblr. Страната ја основал во 2007 година во станот на неговата мајка во Њујорк. Во првите две недели, страната била посетена од 75.000 корисници.
Во 2008 година продава 25% од неговата компанија за вложување од 4.5 милиони долари. Во 2013 година Yahoo ја купува страната за 1.1 милијарда долари. Од тогаш, нето вредноста на Карп е 200 милиони долари.
5. Софија Аморусо
Софија е основач на веб страната Nasty Gal и е родена на 20 април 1984 година. Во 2006 година како дел од E-bay создаде своја онлајн продавница за продажба на стара облека. Во 2010 година ја основа нејзината страна Nasty Gal, а две гоини подоцна, во 2012 година приходот и достигна до 100 милиони долари. Нејзината нето вредност се проценува на 250 милиони долари.
6. Палмер Лаки
Роден на 19 септември 1992 година, Лаки уште на 17 годишна возраст успеал да развие прототип на Oculus Rift. Во 2012 година ја основа Oculus VR и на Kickstarter добива инвестиции вредни 2.4 милиони.
Во 2013 година му се придружува Џон Кармак, а Лаки добива дополнителни 90 милиони долари инвестиции. Фејсбук го купува Оculus во 2014 година за 2 милијарди долари. Нето вредноста на Лаки се проценува на повеќе од 500 милиони долари.
7. Еван Спигел
Роден на 6 април 1990 година, Еван е основачот на Snapchat. Во 2011 година тој ја создава Picaboo, апликација за споделување на фотографии, која ја развил во дневната соба на неговиот татко. Истата година подоцна го редизајнира Picaboo и го преименува во Snapchat.
Во 2013 година Фејсбук му понудил 3 милијарди долари за Snapchat, но Еван ги одбил. Во 2014 година има над 50 милиони корисници. Неговата нето вредност е проценета на 1.5 милијарди долари.
8. Елон Маск
Маск е роден на 28 јуни 1971 година. Уште на рана возраст се занимава со технологија. Веќе во 1983 година ги продал кодовите од неговата прва видео игра за 500 долари. Со неговиот брат Кимбал во 1995 година ја основа Zip2.
Моментално Маск е извршен директор на Tesla Motors, и член на одборот на ColarCity. Моментално неговата нето вредност се проценува на 7.9 милијарди долари.